Поразoт на Борусија Д во Берлин го расипа рекордот на 16-годишник

Youssoufa Moukoko of Dortmund in action during the German Bundesliga soccer match between Borussia Dortmund and VfB Stuttgart in Dortmund, Germany, 12 December 2020. EPA-EFE/Lars Baron / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Фудбалерите на Унион Берлина во петокот вечерта во првиот дуел од 13-то коло на германското превенство остварија неочекувана победа од 2:1 на својот стадион против фаворизираната екупа на Борусија Дортмунд, која со овој пораз се доведе во ситуација по крајот на голот да има големо бодовно заостанување во борбата за титулата.

Домашната екипа двата погодока ги постигна по нафрлување од корнер. Водството во 57 минута го донесе Нигериецот Тауво Авониј, а за второто водство и конечните 2:1 во 78 минута со глава беше прецизен Марвин Фридрих.

Поразот на Борусија Дортмунд ја расипа приказанта за уште еден рекорд на 16-годинишниот напаѓач Јусуфa Мукока, кој во 60 минута го постигна погодокот за госсите и стана најмладиот стрелец во германската Бундеслига на сите времиња.

Германскиот напаѓач во моментот на постигнување на погодокот имапе 16 години и 28 дена. Пред Мукоко, најмладиот стрелец во елитната германска фудбалска лига беше играчот за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц кој постигна погодок со 17 години и 34 дена, што го оствари во јуни годинава.

Ова беше вкупно шестиот меч на Мукоко за првиот тим на Борусија Дортмунд во сите натпреварувања. Минатата сезона одигра 28 натпревари во јуниорскиот тим на коишто постигна 38 погодоци. Сезонава во истата категорија одигра четири натпревари на кои веќе 14 погодоци.

Унион Берлин со петтата победа сезонава дојде до 21 бод и петтото место на табелата, на само еден бод зад четвртопласираната Борусија Дортмунд, која го претрпи петтиот пораз а прв под водсто на досегашниот помошник тренер Един Терзиќ.

На врвот на табелата е минхенски Баерн со 28 бодови, а го следат Баер Леверкузен и РБ Лајпциг со по 27 бодови.

Во сабота на распоредот се шест преостанати натпревари од 13-то коло, а најинтересен е дуелот на двете екипи од врвот во кој во 18,30 часот во Леверкузен играат Баер и алтуелниот шампион Баерн.

Другите двојки се: Борусија Менхенгалдбах – Хоенхајм, Шалке – Арминија, Мајнц – Вердер, РБ Лајпциг – Келн и Аугсбург – Ајнтрахт.

Во недела се играат натпреварите: Фрајбург – Херта и Волфсбург – Штутгарт.