Пороен дожд, грмежи и засилен ветар во дел од земјата

Пороен дожд, грмежи и засилен ветар попладне имаше на повеќе места во северните и источните делови од државата.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси имало на повисоките места и планините, особено во беровскиот регион каде до 17 часот  повремено  имало интензивни поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Исто така во овој регион регистрирана е и појава на град.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветар попладне имаше на повеќе места во северните и источните делови од државата.
Пороен дожд, грмежи и засилен ветар попладне имаше на повеќе места во северните и источните делови од државата.

До 17 часот во Берово наврнале 93 литри на метар квадратен, во Прилеп 15, во Крива Паланка 7 и во Битола 1 литар на метар квадратен.

Со нестабилна и влажна воздушна маса, попладнево беше зафатена и Скопската котлина каде имаше зголемена облачност и дуваше повремено засилен ветер кој на моменти достигнува брзина до 55 км на час.

Дожд, грмежи и засилен ветер во дојранскиот регион

Нестабилноста се движеше од северозапад кон југ и југоисточните делови од земјава и ги зафати централните, а доцна попладнево  јужните и југоисточните делови  од земјава каде има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни се процесите во дојранскиот регион каде има интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, информира УХМР, пренесува УХМР.

Утре претпладне сончево, попладне повторно пороен дожд и грмежи
Утре претпладне сончево, попладне повторно пороен дожд и грмежи

Утре претпладне сончево, попладне повторно пороен дожд и грмежи

Метеоролозите предвидуваат дека ваквото нестабилно време ќе се задржи до крајот на денов.

Во земјава ќе се задржи променливо и на места нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува стабилизирање на времето, соопштуваат од УХМР.

Од утре не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.  Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од  14  до 23, а највисоката се очекува да достигне  од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.  Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.  Утринската температура ќе се спушти до околу 20,  а највисоката дневна  ќе достигне до  35 степени.

За продолжениот викенд сончево и топло време

За време на продолжениот празничен викенд УХМР предвидува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник, соопштуваат од УХМР.