Пороен дожд и грмежи попладнево во Крушево

Попладнево Крушево беше зафатено со интензивна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, а според радарските слики, и можна појава на град. Оваа нестабилност во моментов се уште трае.

Развој со послаб интензитет има и северно-северозападно од Прилеп, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека во вечерните и ноќните часови во Македонија ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во текот на ноќта и утре, особено претпладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе опадне за околу 6 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.