Пороен дожд во попладневните часови

Грмежи, засилен ветер и пороен дожд во попладневните часови, најавуваат метеоролозите. Според најавите претпладне не очекува сончево време со мала доумерена облачност.

Во пладневните часови ќе дува северен ветер кој најпрвин на север ќе донесе нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и повремено засилен ветер. Нестабилноста попладне ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, а температурата ќе биде пониска за три до пет степени, соопштуваат од УХМР.

Пороен дожд во попладневните часови
Пороен дожд во попладневните часови

Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а највисоката дневна од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Слично време во текот на денешниот ден ќе преовладува и во Скопје. Утринската температура ќе се спушти до околу 16, а највисоката дневна ќе достигне до 29 степени, а во попладневните часови ќе биде променливо облачно со услови за нестабилност проследена со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер.

Пороен дожд и грмежи и во следните два дена

Според најавите, и во следните два дена се очекува да продолжи нестабилноста со пороен дожд и грмежи, особено во централните и источните делови.

Во петок нестабилноста со пороен дожд и грмежи ќе биде позастапена попладне во јужните делови од земјата, а во сабота нестабилноста ќе биде послаба, но и понатаму ќе има услови за појава на пороен дожд во попладневните часови, соопштува УХМР.