Пороен дожд и град со големина на лешник во Подгорица

23

Силен дожд, грмежи и град со големина на лешник ја погодија Подгорица по неколкудневните рекордно високи температури.

Огромната горештина и спарно време е заменето со големо невреме, јави РТЦГ. Во невремето урнати се неколку дрвја.

Од Хидро-метеоролошкиот завод на Црна Гора за денеска најавија променливо и нестабилно време, со дожд и грмежи, особено во северните региони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.