Порота одлучува за подигнување обвинение против Трамп

Окружниот државен обвинител на Менхетен ја свикал Големата порота која би требало да одлучи дали ќе подигме обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, извести во вторникот весникот The Washington Post повикувајќи се на две лица „упатени во случајот“.

„Поротата е свикана неодамна и ќе заседава седмични по три дена во следните шест месеци“, објави весникот.

„На заседанијата ќе се дискутира за повеќе работи, а не само за Трамп“, го цитира весникот еден од своите неименувани извори.

Станува збор за разгледување на можноста и оправданоста да се обвинат Трамп и неговите деловни директори за кривични дела како дел од долготрајна истрага за наводна финансиска малверцација од страна на „Trump Organization“.

Весникот забележува дека свикувањето на Големата порота е „голем сигнал“ дека оввинителкот Си Венс џуниор е убеден дека открил докази за кривични дела во текот на неговата двегодишна истрага за наводите дека Трамп и неговите соработници наводно извршиле „низа банкарски, даночни и осигурителни измами со вештачки пумпања и дефлациски средства за да обезбедат финансиски придобивки“.

Постапките на Големата порота се строго доверливи и засега не е јасно дали обвинителот Венс планира да покрене обвинение против самиот Трамп, неговите директори или против самата компанија.