Порше изгоре во скопски Аеродром

Луксузно сув возило „порше“ било опожарено доцна ноќта кон саботата на паркинг во скопската населба Аеродром, а огнот зафатил уште две возила, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 3,46 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ настанал пожар во патничко возило „порше кајен“, сопственост на 43-годишниот М.Ј. од Скопје.

Од огнот биле зафатени и возила „сузуки“и „пежо“. Извршен е увид.