Порталб: Ердоган побарал од Заев турска воена база во Македонија

Лидерот на грчката партија Потами (Река), Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега”, на грчката телевизија SKAI, изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побарал од премиерот на Македонија, Зоран Заев, Турција да воспостави воена база, како против услуга за поддршката и помошта која ќе им ја даде на Македонија, пренесува десничарскиот грчки медиум Elefterostipos, објавува Portalb.mk.

И Грција и Турција се членки на НАТО, но постојано се во конфликт околу морската граница во Егејско и Кипарското прашање.

„Дали ќе дозволиме да се формира турската воена база на нашата северна граница и толку блиску до Солун?“, праша Теодоракис, чијашто партија има шест пратеници во грчкиот парламент, а двајца во Европскиот парламент.

Теодоракис ова го кажа во контекст на разговорите за името и поддршка за посветеноста на тоа дека проблемот треба да се реши што е можно поскоро.

Претходно тој имаше средба со премиерот Алексис Ципрас, со кој разговараше за потребата за формирање на Советот за национална безбедност.