Порталот „Лидер“ објавува: Првиот човек на „Алфите“ вмешан во „Рекет“?!

Во Министерството за внатрешни работи владее сомнеж дека командантот на специјалната единица „Алфа“, Примислав Димовски е вмешан во случајот „Рекет“ – дознава „Лидер“ од високи полициски извори.

Пред неколку години токму Примислав Димовски му беше лично обезбедување на Бојан Јовановски, познат како  „Боки 13“, а во исто време тој е и ангажиран како истражител во Специјалното Јавно Обвинителство, на која позиција беше и пред да стане прв човек на единицата „Алфа“.

Ова отвора сомнеж дека во „Рекет“ бил вклучен и Димовски затоа што е поврзан со осомничената Катица Јанецва (како вработен во нејзиното обвинителство), но и со осомничениот Бојан Јовановски на кој порано му бил обезбедување а долги години јавно го искажуваат своето пријателство.

-Веднаш откако со Кичевец го земале рекетот од Камчев, Боки 13 му се јавил на Примислав да се консултира со сопругот на споменатата „Фрики“ дали некој го следи или го снима во рекетот. Очигледно е дека првиот човек на единицата „Алфа“ е вмешан во аферата рекет, но, кај нас се наслушнува дека обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, не сака да постапи иако го има во листинзите на телефонот на Боки 13 – објавува порталот „Лидер“, повикувајќи се на сопствен висок извор во МВР.

Доказ за поврзаноста на овој висок полициски функционер со рекетарите Јовановски и Јанева е и тоа што тој беше чест гостин во телевизијата на осомничениот, се вели во текстот на „Лидер“.