Портланд нов лидер на Западот, пораз на Мајами, Сан Антонио и Оклахома

Ноќеска се одиграа девет натпревари во НБА лига по кои екипата на Портланд изби на врвот на табелата во Западната конференција. „Блејзерси“ ги искористија поразите на Оклахома и Сан Антонио и со победата над Шарлот со 134:100 станаа нови лидери на „Запад“. Лошата вечер за фаворитите ја надополни шампионот Мајами кој го доживеа осмиот сезонски пораз.

Резултати: Кливленд – Орландо 87:81 (по продолжение), Мајами – Голден Стејт 114:123, Чикаго – Бостон 94:82, Оклахома Сити – Бруклин 93:95, Сан Антонио – Њујорк 101:105, Феникс – Мемфис 91:99, Јута – Милвоки 96:87, Портланд – Шарлот 134:104 и Сакраменто – Филаделфија 104:113.

Седум натпревари се играат вечерва: Вашингтон – Торонто, Атланта – Голден Стејт, Бостон – Њу Орлеанс, Хјустон – Њујорк, Далас – ЛА Клиперс, Денвер – Мемфис и ЛА Лејкерс – Јута.

Пласман Источна конференција: Индијана 25-6 (победи-порази), Мајами 24-8, Атланта 18-14, Торонто 15-15, Вашингтон 14-15, Детроит 14-19, Чикаго 13-18, Шарлот 14-20,…

Пласман Западна конференција: Портланд 26-7 (победи-порази), Оклахома Сити 25-7, Сан Антонио 25-8, Лос Анџелес Клиперс 22-12, Хјустон 21-13, Голден Стејт 21-13, Феникс 19-12, Далас 19-13.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.