Портланд победи по историските четири продолженија, Милвоки направи „брејк“

122

Портланд Трајл Блејзерс и Денвер Нагетс одиграа ноќта кон саботата неверојатен меч кој на крајот беше реше по дури четири продолженија по кои Портланд славеше со 140:137 и поведе со 2-1 во полуфиналето од разигрувањето во Западната конференција на НБА лигата.

Ова беше спектакуларен и исцпрувачки меч кој траеше три и пол часа, а на крајот кошаркарите одвај стоеја на своите нозе. Неверојатно звучи податокот дека Никола Јокиќ на теренот мина 65 минути, што е третата најдолга минутажа откао Дејл Елис и Ксавиер Мекданиел во 1989 година на паркето минаа 69 и 68 минути.

Последен и досега единствен пат натпревар со четири продолженија во плеј-офот на НБА лигата бил одигран во 1953 година, кога Бостон Селтикс ги победиле Филаделфија 76ерс со 111:105.

Денвер на минута и пол до крајот од регуларниот дел на мечот имаа пет коша разлика 100:95, но домашните со серија 7:0 направија пресврт и на 30 секуднио до крајот стасаа до водство од 102:100. Вил Бартон израмни, а домашните имаа шанса да победат во регуларните 48 минути, но Ал-Гарук Амину не го реализираше решавачкиот шут.

Во првото продолжување шутот за победа го имаше Данвер, но Јокиќ не погоди „тројка“, па на семафорот остана 109:109. Во второто продолжение повторно домашните беа поблиску до победата, но Дамиен Лилард при резултат 118:118 не беше прецизен од врвот на рекетот. Ниту во третото продолжение немаше победник, зашто при резултат 129:129, шутот за победа на Денвер не го реализираше Џамал Мареј.

Прашањето на победникот конечно беше репено во четвртото продолжение, кога при водство на Портланд од 138:136, Јокиќ на 5,6 секунди до крајот имаше две слободни фрлања но погоди само едно за 138:137. Нагетс направи брз прекршок врс Сет Кари кој беше сигурен од линијата за слободни фрлања за крајните 140:137.

Најефикасен кај Портланд беше Си Џеј Меккалм со 41 кош и 8 скокови, Демиен Лилард постигна 28 коша со 6 скокови и 8 асистенции, Енес Кантер додаде 18 поени со 15 скокови, а „дабл-дабл“ учинок имаше и Мо Херјлес со 15 коша и 10 скокови.

Кај Денвер, пак, најрасположен беше Никола Јокиќ со неверојатен „трипл-дабл“ учинок од 33 коша, 18 скокови и 14 асистенции, но во четирите продолженија постигна само 3 поена. Џамал Мареј додаде 34 поени со 9 скокови, а Вил Бартон имаше 22 коша и 9 скокови.

Портланд и Денвер имаат малку време за одмор по исцрпувачкиот меч, видејќи четвртиот дуел се игра веќе ноќта меѓу недела и понеделник во Портланд.

Во првиот меч на вечерта, Милвоки Бакс на гостувањето го врати „брејкот“ победувајчи го Бостон Селтикс со 123:116. Домашните воде во првите две четвртини, но Бакс во третата делница направија преднсот од 9 поени и го свртеа резултатот во своја полза.

Јанис Антетокунмпо ппостигна 32 поена со 13 скокови и 8 асистенции, Џорџ Хил додаде 21 кош, а Крис Мидлтон 20 коша за Бакс. Кај Селтикс со 29 поени се истакна Карји Ирвинг, додека 20 постигна Џејлон Тејтам кој имаше и 11 скокови.

Четвртиот дуел меѓу овие екипи се игра по два дена, повторно во Бостон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.