Порто со играч помалку го освои португалскиот Куп

Portuguese Cup final soccer match against Benfica at Coimbra City stadium, Coimbra, Portugal, 01 August 2020. EPA-EFE/PAULO CUNHA

Фудбалерите на Порто го освоија португалскиот Куп совладувајќи го во финалето во Коимбра својот најголем ривал Бенфика со 2:1, а двата погодока победникот ги постигна со играч помалку.

Порто стаса до двојната круна иако при резултат 0:0 во 38 минута беше исклучен поради два жолти картона Луиз Диаз, а потоа и на тренерот Серхио Консејнсау му беше покажан црвен картон.

Сепак, Порто го имаше расположениот бек од Конго, Шансел Мбемба Мангулу кој со глава двапати беше прецизен во 47 и 58 минута. Бенфика успеа да намали од пенал во 84 минута прекуи Карлос Винисиус, а во судиското продолжение нејзиниот напаѓач Јота ја погоди стативата.

Двата најголеми ривала во португалскиот фудбал по 10-ти пат се сретнаа во финалниот дуел на националниот куп. Ова е само втор триумф на Порто над Бенфика во завршниот меч, а последен пат двата тима се сретнаа во финалето во сезоната 2003/04, кога со 2:1 победи екипата до Лисабон.

Порто по 17-ти пат триумфираше во Купот на Португалија, првпат по девет години, и според овој показател се израмни со уште еден португалски великан – Спортинг. Порто уште 12 пати е поразуван во финалето. Бенфика и натаму останува со најмногу трофеи во Купот, дури 26, покрај 11-те порази во завршниот дуел.

Во португалското првенство Порто ја освои титулата со 82 бода, пред Бенфика со 77 бодови. Според тоа, Порто ќе игра во групата фаза од Лигата на шампионите следната сезона, а Бенфика ќе стратува во третото квалификациско коло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.