Порторико: Конфискувани 1,8 тони кокаин

Властите во Порторико конфискувале 1,8 тони кокаин, пренесе „РИА Новости“.

Дрогата се обиделе да ја пренесат на островот двајца граѓани на Венецуела со моторен чамец. Вкупната вредност на конфискуваните материи изнесува околу 50 милиони долари по цена на „црниот пазар“.

За време на апсењето, Венецуелците се обиделе да се ослободат од кокаинот, како фрлајќи го од чамецот, но навремената реакција на полицијата го спречила нивниот обид.