Портпаролот на Кремљ е заразен со новиот коронавирус

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, е тестиран позитивен за вирусот Ковид-19. Според руски медиуми, тој бил задржан во болница.

„Да, се разболев. Се лекувам”, изјави Песков за руските медиуми.

Рускиот премиер Михаил Мишустин исто така се зарази со новиот коронавирус во крајот на април.