Портрет на султанката Хурем продаден огромна сума

Како дел од аукцијата организирана од реномираната британска куќа Сотби, која се одржа во Лондон под наслов „Уметноста на исламскиот свет и Индија“, имаше и масло на платно со портрет на султанката Хурем, сопругата на отоманскиот султан Сулејман.

Портретот е продаден за 173.000 долари. Реткиот портрет на султанката Хурем датира од крајот на 16 или почетокот на 17 век, а експертите проценуваат дека може да достигне цена помеѓу 137.000 и 343.000 долари.

Султанот Сулејман I, кој остана на власт цели 46 години, беше еден од најголемите султани што некогаш владеел со Отоманската империја.