Портрет од Заев поставен во Владата

Владините служби направија реконструкција на распоредот на премиерскиот ѕид во Владата, па сега последното место е резервирано за поранешниот премиер Зоран Заев.

Портретот на Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат и е последниот во низата, пренесува ТВ21.

Пред него се фотографиите на Оливер Спасовски, Емил Димитриев, Никола Груевски.