Португалецот Вилсон Дејвис е ново засилување на Еурофарм Пелистер

Битолски Пелистер донесе уште едно странско засилување за следната сезона и нов член за новата сезона 2022/23 е Вилсон Дејвис.

Дејвис е трето име за новата сезона кај битолчани, откако вчера Пелистер се пофали со ангажманот на Французинот Руди Сери, кој игра на позиција лев бек, а од пред еден месец го објавија и ангажманот на Тунижанецот, Усма Хосни, како засилување на десната бековска позиција.

Вилсон во Битола доаѓа од Иври, а во Франција игра од 2014 година и тоа ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк, а пред да замине во Франција во татковината играше за Спортинг, Ковадонга и Порто.