Португалија без Нуњо Мендеш до крајот на Мундијалот

Левиот бек на ПСЖ, Нуњо Мендеш отпадна од комбинација за настап на Светското првенство. Мендеш беше прва опција на португалскиот селектор, но заработи незгодна повреда во второто коло против Уругвај.

Против Уругвај Мендеш беше заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажале дека се здобил со истегнување на мускулот поради кое ќе мора да паузира три недели.

Тоа значи дека селекторот Сантош нема да може да смета на него за следните натпревари, а во стартниот состав се очекува да го замени фудбалерот на Борусија Дортмунд Гереиро кој влезе на негово место против Уругвај.