Португалија го регистрира најтоплиот јули од 1931 година

Португалија го забележа најтоплиот јули минатиот месец со просечна температура од 25,14 Целзиусови степени, објави во петокот метеоролошката служба на државата.

Горештините ја влошија сушата во Португалија, со 45 отсто од земјиштето во „екстремна суша“, а остатокот во „тешка суша“.

Португалската метеоролошка служба објави дека овој јули е најтопол од почетокот на националното мерење на температурата во 1931 година. Просечната температура овој јули е за речиси три степена Целзиусови повисока од очекуваниот јулски просек.

Климата во јужна Европа се менува и почнува да наликува на климата во Северна Африка, велат експертите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.