Португалија затвора училишта, забранува симнување патници од крузери

Португалската Влада донесе одлука да ги затвори сите училишта во државата од понеделник за сузбивање на коронавирусот и тоа до 9 април, кога се најавува нова проценка на ситуацијата. Тоа го најави синоќа премиерот Антонио Коста.

Во телевизиското обраќање тој рече дека на крузери нема да им биде дозволено да оставаат патници, освен ако не живеат во Португалија.

Ноќните клубови ќе бидат затворени и ќе бидат воведени и бројни ограничувања за посети на ресторани и трговски центри. Во Португалија регистрирани се 78 лица заразени со новиот коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.