Португалија на финалниот турнир од Лигата на нациите

Во дуелот од најелтитнатат А Лига на нациите во Милано селекциите на Италија и Португалија одиграа без голови, па Португалците се првата репрезентација којашто обезбеди настап на завршниот турнир на ова натправрување.

Португалците, за коишто во ова натпреварување не настапува нивниот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, ги издржаа сите напади на Италијанците за коишто во овој дуел беше важна само победата. Португалија сега во Групата 3 од Лигата А има 7 бода, Италија 5 а Полска еден бод, но во последниот дуел во вторник Поругалија ја пречекува Полска.

Во дуелот од Групата 2 од Лигат Б, Шведска со голот на Гранквист во 72 минута од пенал на гости ја совлада Турција, реванширајќи и’ се за поразот во последната минута кога Шевеѓаните беа домаќини. На табелата води Русија со 7 бодови која во вторник и’ гостува на Шведска која има 4 бодови и доволен и’ само бод да се пласите во поквалитетната лига, а Турција има 3 бода.

Во Групата 1 од Лигат Б, Шкотка како гостин дури со 4:0, со головите на Фрејзер во 13, Флечер од пенал во 45+2, и Форест во 55 и 66 минута ја совлада Албанија и доби шанса во последниот дуел од групата во вторник во Глазгов против Израел со победа да се квалификува во Лигат Б. Израел и Шкотска имаат по 6 бодовио, а Албанија има 3 бода.

Во истата Лига Ц, но во групата 4 Србија со головите на Адем Љајиќ во 30 и Стефан Митровиќ во 32 минута ја совлада Црна Гора со 2:1 за која стрелец беше Стефан Мугоша во 70 минута. Романија како домаќин со головите на Георге Пушкаш во 7, Клаудиу Кешеру во 47 и Николае Станчиу во 65 минута со 3:0 ја совлада Литванија.

Србија води во оваа група со 11 бодови, пред Романија која има 9 а во последното коло и’ гостува на Црна Гора која има 7 бодови, а Литванија е последна без бодови и ќе гостува во Србија.

Во Групата 3 од Лигата Д Азербејџан со 2:0 ги совлада Фарски острови а стрелци беа Назаров во 18 и Мадатов ов 28 минута. Косово со 5:0 ја победи Малта на нејзин терен, а головите ги постугнаа Муриќи во 15, Кољоли во 89, Авдидај во 70 и 80 и Рашица во 88 минута.

Косово води во оваа група со 11 бодови, Азербејџан има 9, Фарски острви 4 а Малта 2 бода. Во последното коло Косово на свој терен го пречекува директниот конкурент Азербејџан.