Португалија победник на првиот турнир на Лигата на нациите

142

Фдубалската репрезентација на Португалија е победникот на првото издание на Лигата на нациите, откако во неделата вечерта во Порто во финалната средба пред 47.000 гледачи со 1:0 ја совлада селецијата на Холандија.

Решавачкиот погодок го постигна Гонсало Гуедеш во 60 минута, кога со силен прециен удар заврши еден противнапад на Португалците.

За Кристијано Роналдо и неговите соиграчи ова е втора голема титула во последните три години, откако во 2016 година станаа прваци на Европа на турнирот во Франција. Португалија за оваа титула заработи 10,5 милиони евра, додека Холандија инкасира 9 милиони евра.

По слабите први триесет минути игра, први се заканија Португалците, По нафрлување од корнер шутираше Фонте, но директно во Силесен. Само две муинути подоцна од дваесетина метри се обиде Бруно Фернандеш, но холандскиот голман повторно беше на место. Во 36 минута уште еднаш се обиде Фернандеш, но топката мина крај голот. Холандија во првото полувреме играше непрепознатливо, и не упати ниту еден удар кон голот на домашните, кои, пак, имаа десет шута на спротивната страна.

Подобрата игра Португалија ја ефектуирапе во 60- минута, а стрелец беше фудбалерот на Валенсија. Гуедеш одлично прими топка од Бернардо Силва и со удар од работ на шеснаесетникот биеше неодбранливо за Силенсен. Дури по овој погодок Холанѓаните почнаа да играат поангажирано и во 65 минута ја имаа првата шанса кога Мемфис Депаи шутирапше со глава по нафрлувањето на Де Беек, но Ру Патрисио беше на место. Во 83 минута се закани и Лук де Јонг, но шутираше само крај голот.

Во претходно одиграниот меч за третото место, во Гимараеш, Англија ја победи Швајцарија со 6:5 по изведувањето на пеналите откако по регуларните 90 и дополнителните 30 минути игра немаше погодок. Англичаните за третото место заработија осум, а Швајцарците за четвртото – седум милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.