Португалската полиција се подготвува за „жолтите елеци“

26

Португалската полиција објави дека ќе преземе соодветни мерки за безбедност за планираните протести кои се инспирирани од „жолтите елеци” во Франција. Полицијата ги замоли медиумите да потсетат дека секој масовен собир во јавност треба да биде најавен во писмена форма до властите две недели однапред.

Полицијата повикува сите граѓани кои ќе се одлучат да го искористат своето право на протест, да го сторат тоа мирно и почитувајќи го законот, се вели во соопштението. Не предвидуваме големи проблеми или насилство, но очекуваме масовна мобилизација низ целата земја, додаде портпаролот на Националната полиција. Тој наведе дека властите веќе се во контакт со организаторите на протестите во Лисабон и Порто.

Полицијата реагираше на написи по социјалните медиуми, каде се објавуваат повици за демонстрации  инспирирани од движењето на француските „жолти елеци”. Демонстрантите бараат намалување на даноците, зголемување на платите, пониски цени на горивото и подобра здравствена заштита.

Во Португалија е незаконски да се запре сообраќајот и полицијата тоа нема да го дозволи, предупреди портпаролот на полицијата.

Веќе подолг период и во Белгија се одржуваат демонстрации налик на „жолтите елеци”.

Skin Delight