Порзингис им се придружи на Маверикс, Далас во Њујорк испрати тројца

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис се пресели во тимот на Далас Маверикс, откако двата клуба ноќта кон петокот официјално ја објавија веста за неочекуваната размена на играчите во која Њујорк Никс ги доби Демис Смит помладиот, Деандре Џордабн и Весли Метјуз. Во Далас покрај Порзингис пристигнуваат Тим Хардавеј помладиот, Куртни Ли и Треј Барк.

Далас во овој договор на Њујорк му препушти и два идни избори од првиот круг на драфтот, што во поблиското минато и не се покажа особено полезно за Никс.

Порзингис беше првиот избор на Њујорк на драфтот во 2015 година, кога Никс избираа како четврти, што нивните поддржувачи го дочекаа бурно негодувајќи. Но Порзингис наскоро стана најдобриот играч на Никс чијашто тогашна прва ѕвезда беше Кармело Ентони. Но, Латвиецот набрзо стана миленик на навивачите и еден од најдобрите играчи во екипата, но поради пукање на вкрстените лигаменти веќе една година е надвор од терените.

Никс со три години со Порзингис во тимот применија тројца тренери, Дерек Фишер, Курт Рамбис и Џеф Хорначек, а сегашниот прв стратег Дејвид Фицдејл ќе му беше четврти, доколку не се случи оваа размена, која донекаде ја предизвика и самиот играч, бидејжи на состанокот со челниците на клубот го изразил своето незадоволство од насоката во која се движи тимот. Њујор со соодносот 10 победи и 40 пораи е најлошата екипа во НБА лигата, а во сите три сезони во кои настапуваше Порзингис, во кои Никс никогаш не остварија повеќе од 32 победи, учинокот беше негативен.

„Како што е вообичаено во овој период од годината, баравме можноста за потенцијална замена на играчи. Имајќи предвид дека имаше неизвесност околу скорошниот статус на Кристапс на слободен играч и искажаната желба од негова страна да биде заменет, направивме размена а коајшто сме убедени дека ќе го унапреди нашиот клуб“, изјави главниот менаџер на Њујорк Никс, Скот Пери, и им се заблагодари на досегашните ирачи на нивниот придонес и им посака сѐ најдобро во иднина.

Њујорк со овој потег создаде предуслови следното лето да има доста простор на „селари капот“ во потрага по нова играчка ѕвезда. Многумина се споменувани како нивни потенцијали цели, а најчесто во тие приказни беа истакнувани имињата на Кевин Дјурент и Кари Ирвинг.

Порзингис, пак, летово станува слободен играч, но би требало да ја потпише понудата на Далас за уште една сезона, што целосно слободен играч би бил летото 2020 година. Порзингис кон средината на февруари треба да оди на нов преглед на коленото, по што би можело да биде познат и датумот на неговото враќање на паркетот.