
За лицата со попреченост нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот. Оваа мерка ја донесе Владата на денешната 38-ма седница, на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.
Како што соопшти владината прес-служба, оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.