Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на шпанскиот премиер

Министерството за внатрешни работи го корегираше известувањето за најавата за посебен сообраќаен режим во центарот Скопје за во текот на денешниот ден. Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, а не реализација на предвидените манифестации по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, како што беше наведено во претходното известување.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје.

Притоа, посебениот режим на сообраќај се воспостави со почеток 07.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со булeварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.