После 28 години „Најк“ целосно се повлекува од рускиот пазар

Американскиот гигант за спортска облека „Најк“ соопшти дека целосно го напушта рускиот пазар, три месеци по суспендирањето на сите свои операции во земјата.

Компанијата објави дека им се придружува на другите големи западни брендови во напуштањето на рускиот пазар поради тековната инвазија на Украина.

„Продавниците неодамна беа привремено затворени и нема повторно да се отворат“, соопшти компанијата, додавајќи дека нејзината руска веб-страница и апликација, исто така, ќе биде затворена.

На почетокот на март, „Најк“ ја суспендираше онлајн продажбата во Русија и неколку дена подоцна привремено ги затвори сите свои продавници, вклучително и оние што работат со договори за франшиза.

„Најк“ беше активен на рускиот пазар 28 години.