После 30 години Полска го прекина договорот за увоз на руски гас

Полската влада најави дека ќе престане да увезува руски природен гас, без да чека важечкиот договор да истече на крајот на 2022 година, пренесува RT. Заедно со Бугарија и Финска, Варшава одби да го прифати новиот механизам за плаќање врз основа на руска рубља, воведен кон крајот на март.

„После 30 години може да се каже дека односите во гасната индустрија меѓу Полска и Русија се прекинати“, изјави Пјотр Наимски, полски комесар за стратешка енергетска инфраструктура.

Официјалниот претставник додаде дека полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа, кој претходно се користеше за транспорт на природен гас од Русија, може да се користи за снабдување од Германија.

„Овој дел од инфраструктурата за пренос на гас е во сопственост на ЕурополГас. Со оваа делница, како и со целиот систем за пренос на гас во Полска, стопанисува ГАЗ-Систем“, рече Наимски.
Барањето на Москва за плаќање на гасот во рубљи, се однесува на земјите кои воведоа санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина и ги замрзнаа девизните резерви на земјата.

Голем број европски енергетски компании се усогласија со новата руска шема за плаќање. Претходно овој месец, Брисел издаде ажурирани упатства за тоа како компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи без да ги прекршат санкциите наметнати против земјата.

фото: Biznis Telegraf.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.