ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Познато кога ќе биде погребана Јулија Портјанко Николиќ

Македонија од вчера е во шок по веста за смртта за екс ракометната репрезентативка Јулија Николиќ (Портјанко).

Дел од медиумите објавуваат дека последниот поздрав е закажан за утре. Погребот ќе биде на градските гробишта „Бутел“ во 11 часот, а од 10 часот е предвидена комеморација во капелата во „Бутел“.

Николиќ (38) почина пред два дена, вечерта околу 22 часот и немала претходни здравствени проблеми. Според првичните информации срцев удар е причина за смртта.

Во кариерата дресот на македонската репрезентација го носеше на скоро 190 натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.