Последици од запушување на бронхијалниот тракт

Фактот дека ви тече носот и искашлувате шлајм покажува дека вашето тело се бори со одредени инфекции и се обидува да ги исфрли од вас, а бојата на шлајмот може јасно да ви покаже колку работата е сериозна.

 Зелен шлајм

Ако искашлувате зелен шлајм, веројатно имате вирусна или бактериска инфекција. Шлајмот е зелен, бидејќи крвните клетки брзаат во областа за да се справи со инфекцијата.

Бел шлајм

Шлајмот ако е бел треба да биде проѕирен. Ова укажува на тоа дека синусите не можат доволно брзо да се ослободат од шлајмот. Ако искашлувате шлајм со бела боја, постои голема шанса дека сте прехладени.

Црвен или розов шлајм

Ова е најважната боја кога станува збор за загриженост. Ако шлајмот е црвен или со ‘рѓана боја, треба да побарате помош од лекар. Оваа боја е најзастапена кај постарите пушачи и може да укажува на течност во белите дробови или на белодробен едем.

Кафен шлајм

Шлајмот со оваа боја главно е предизвикана од пушење.

Црн шлајм

Оваа боја најчесто се јавува кај тешките пушачи, а исто така може да биде предизвика и од вдишување на прашина. Ако не сте пушач, таа може да укажува на нешто посериозно како бактериска или габична пневмонија.