Последиците од предвременото почнување кампања на СДСМ се несогледливи

СДСМ е најголемиот кластер на коронавирусот во земјава. Денеска имаше нов пик од 101 заразени граѓанин, жртви на предвременото започнување на кампања на СДСМ и желбата на Зоран Заев за власт. Ова е графиконот од кој се гледа дека коронавирусот зема замав пострашен од кога било. Последиците од заразата која ја шири СДСМ со нивните партиски функционери се несогледливи, рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Владејачката партија во изминативе месец дена на најгруб можен начин го заобиколуваше полицискиот час. Со дозволи за движење извадени од партијата пуштија стотина луѓе да делат поткуп и ја заразија цела држава. Ова се сликите од кои се гледа како активистите на СДСМ, делат поткуп организиран од Зоран и Вице Заев. Кога МВР презема мерки и посочи на кршење на полицискиот час Зоран Заев излезе со фејсбук статус да се жали за политички притисок. Зоран Заев лично го кршеше и мотивираше други да го кршат полицискиот час – рече Стоилковски.
Тој презентираше слики од Сања Лукаревска од партиски настан во Куманово, на кои, како што вели,  се гледа како таа дели пропаганден материјал на граѓани дента кога и е дијагностицирана позитивната слика на коронавирус. Според него, стотина граѓани кои што дента биле во контакт со Лукаревска се новите потенцијални заболени.

 

– Мухамед Зекири и Сања Лукаревска се новите Нина Цаца Билјановска. И првиот и вториот пик се поради функционерите на СДСМ. Бројот на луѓето кои биле во непосреден контакт со Лукаревска е над 200 лица. Потенцијал за зараза имаат стотина луѓе од централата на УЈП, како и од скопската дирекција, десетици партиски активисти и други луѓе. Поради лудоста на Заев за брзи избори, за карантин е половина влада и поголем дел од СДСМ. Страдаат и граѓаните кои што се во комуникација со нив, а бројките растат – вели Стоилковски.