Последна почит за загинатите пилоти

Пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков кои загинаа во страшната хеликоптерска несреќа кај Струмица ќе бидат погребани денес во Скопје. Погребот на Марјан Трајковиќ, пак, беше вчера во 13 часот во неговото родно Куманово.

Денеска Македонците им оддаваа последна почит во Соборниот храм во Скопје.

Вчера беше одржана комеморативна седница во Домот на Армијата на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите пилоти, а отворена беше и книга на жалост.

Влада на Република Македонија, денес прогласи Ден на жалост.