Последната Хуеска го потопи Вајадолид

42

Последниот тим во шпанското фудбалско првенство Хуеска во првиот дуел од 22-то коло како домаќин го декласираше Вајадолид со 4:0 (1:0).

Домапните поведоа со голот на Енрик Гаљего во 19 минута, а потоа во второто полувреме го дотолчија пославниот противник со головите на Хорхе Пулидо во 50, Мои Гомез во 53 и Езекиел Авила во 77 минута.

Хуеска и натаму е последна 20-та на табелата со 15 бодови, шест помалку од местото кое нуди доигрување за останување во Примера. Вајадолид засега остна на 13-то место со 25 бодови, но по завршувањето на колото можќе да падне за неколку места на табелата.

Водечка е Барселона со 49 бодови, вториот Атлетико има 44, а третиот Реал Мадрид 39 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.