Последниот натпревар на Серена Вилијамс најгледан во историјата

Поразот на Серена Вилијамс во, најверојатно, последниот натпревар во нејзината блескава кариера, е најгледан тениски телевизиски пренос во 43-годишната историја на ЕСПН, објави денеска американската телевизиска мрежа.

Поразот во третото коло на УС Опен од австралиската тенисерка Ајла Томљановиќ во просек го следеле 4.8 милиони гледачи, а максималната бројка достигнала 6.9 милиони гледачи во 22:15 часот.

Серена Вилијамс, која во кариерата освои 23 грен – слем титули, по подолга пауза се врати на тенискиот терен за настан на УС Опен што предизвика голем интерес во спортската јавност.

Нејзините три натпревари во поединечна конкуренција и еден дуел во двојки во кој настапи со својата сестра Венус ја зголемила гледаноста во текот на првите пет денови на грен – слемот во Њујорк во просек за 1.1 милиони гледачи, што е раст од 101 отсто во однос на 2021 година, објави ЕСПН.