Последните австралиски војници го напуштија Авганистан

59

Австралиските војници го завршија своето повлекување од Авганистан, изјавил премиерот Тони Абот, што е крај на најдолгото учество на земјата во тамошните воени операции, во кои загинаа најмалку 40 австралиски војници.

Премиерот, претходно, изјавил дека илјадници војници ќе ја напуштат јужната покраина Орузган пред крајот на годината.

Последните трупи си заминале минатата недела, а дома ќе бидат за Божик.

„Оваа војна не завршува ниту со победа ниту со пораз, туку со надеж дека Авганистан е подобро место, а посебно покраината Орузган, поради нашето присуство таму“, рекол тој.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.