Последните четири кола од ракометната ЛШ, по завршувањето на евро-шампионатот 2020

Последните четири кола од ракометната Лига на шампиони ќе се одиграат во февруари 2020 година, веднаш по завршување на машкото Европско првенство. Ова го договорија ЕХФ, клубовите и ТВ куќите што ги прават преносите.

Македонскиот шампион Вардар почнува со гостување, во Германија кај Кил на 5 февруари, а завршуваме со домашен натпревар против Монпеље, на 29 февруари. На 15 февруари го пречекува Мотор Запорожје, а на 22 гостува во Порто.

Натпревари кои бранителот на трофејот Вардар ќе ги во групната фаза од ЛШ по завршување на Европското првенство:

5 февруари 2020: Кил – Вардар (19 часот)
15 февруари 2020: Вардар – Мотор (17:30)
22 февруари 2020: Порто – Вардар (19:30)
29 февруари 2020: Вардар – Монпеље (17:30).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.