Последните делови на светот без коронавирусoт

Тропскиот архипелаг на северот во Пацификот без потврден случај на коронавирусот изгледа како совршено место за живеење, но жителите на Палау велат дека животот таму во овој момент, сепак, е далеку од идеалниот.

Микродржавата со 18.000 жители меѓу ретките места на планетата каде сѐ уште нема зараза од коронавирусот. Палау е опкружен со Тихиот Океан и оддалечен е стотици километри од своите најблиски соседи.

Освен Палау, коронавирусот сѐ уште нема допрено до Самоа, Туркменистан, Северна Кореја и до базите на Антарктик. Покрај строгите ограничувања на патувањата, се чини дека нема ширење на коронавирусот ниту на Тонга, Саломонските острови, Маршаловите острови и на Микронезија.

Меѓутоа, оддалеченоста не е гаранција за запирањето на немилосрдното ширење на новиот тип коронавирус. На пример, Северните Маријански острови неодамна ги потврдрија првите случаи, а има сомневање дека поради зараза со вирусот таму во понеделникот починало едно лице.

Кламиокил Тулоп, 28-годишна уметница и самохрана мајка, се надева дека Палау, ќе ја избегне судбината на Вухан, Ломбардија, Њујорк или Мадрид, каде што и многу поразвиените здравствени системи се преоптоварени од пациенти. Тулоп вели дека е сѐ поприсутен стравот дека вирусот е веќе присутен на островот, само што сѐ уште не е откриен.

„Се чувствува сѐ поголема напнатост и анксиозност при купувањето. Во продавниците има тисканици, поголеми отколку што би требало да бидат во неработните денови во седмицата“, вели Тулоп за AFP.

Едно лице со сомневање на коронавирусот е сместено во карантин оваа седмица, додека властите ги очекуваат резултатите од неговиот тест.

 

Осаменоста на Антарктик

Во четири австралиски истражувачки бази на Антарктикот има 90 луѓе. Се наоѓаат на единствениот континент на планетата без коронавирусот и следат како животот во нивните татковини непрепознатливо се менува. Во тундрата нема потреба од социјална дистанца.

„Тие се веројатно единствените Австралијци кои во овој момент може да вечераат заедно и да имаат отворено кафуле или теретана“, вели за AFP шеф на експедиција на Антрактикот, Роб Клифтон.

Базите се изолирани до ноември, па групата луѓе таму е сигурна, но Клифтон признава дека „членовите на експедицијата најмногу размислуваат за тоа како нивните сакани се држат дома“.

Во некои мести каде што нема пријавени случаи на коронавирусот, не значи дека навистина ги нема. Северна Кореја, на пример, тврди дека таму го нема вирусот, но многу тешко им веруват на тамошните власти на ваквите тврдењa.

 

Чекање на неизбежното

Иако Палау нема потврдени склучаи на коронавирусот, сепак се соочува со стравовите и економските парализи кои го погодија и остатокот од светот. Во супермаркетите во најголемиот град Корор луѓето панично пазарат. Недостигаат сапун, заштитни маски и алкохол за дезинфекција. Островите силно зависат од увозот на стоките, па брзо би можело да ги потрошат своите резерви.

Воздухопловната компанија „United Arlines“ вообичаено лета шест пати седмично од блиската американса пацифичка територија Гуам, но сега летовите се скусени на само еднаш во седум дена, бидејќи на островот се регистрирени повеќе од 50 случаи на зарази со коронавирусот.

Локалното население се придржува до социјалната дистанца. Тамошното население чека пратка тестови на коронавирусот од Тајван, а владата гради пет специјални соби за изолација кои можат да примат до 14 пациенти. Се чини дека го очекуваат неизбежното.

„Би сакла да бидам оптимист и да верувам дека вирусот нема да стаса. Но речиси сигурно ќе се појави. Многу зависиме од туризмот и повеќето од нас мора да патуваат на работа“, вели Тулоп.

Ронди Рони, кој работи како домаќин на големите туристички настани, ја загуби работата, и признава дека е „многу загрижен“. „Морам да ги платам сметките и ратите од кредитот. Ова сигурно ќе ме врати назад. Се надевам дека владата ќе стори нешто за нашата економија и ќе го потркепи нејзиното заздравување“, вели Рони.

Кога станува збор за психозата, се чини дека ниедно место на планетата навистина не поштедено е коронавирусот, се заклучува во репортажата на AFP.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.