Последното одбројување до брегзитот од двете страни на Каналот

По трите и половина години драмата „Ден на брегзитот“ од двете страни на каналот Ламанш се следи со славење, гнев или тажно бдеење, но и рамнодушност од оние на коишто повеќе не им е грижа што Обединетото Кралство од полноќ повеќе нема да биде членка на Европската унија.

Како што во Лондон брзо се приближува конечното одбројување, масата на Плоштадот на парламентот кое дојде да го одбележи настанот кој беше во центарот на британската политика речиси четири години по референдумот до 23-ти јуни 2016 година, е помала од очекуваното.

Првпат во историјата на Европската унија, оваа заедница, кога на полноќ од неа ќе истапи Велика Британија, ќе загуби своја земја членка.

Кавгите околу брегзитот прекинаа десетици политички кариери и ја оставија Британија поделена, поларизирана и повеќе од заморена. За заговорниците на брегзитот кои се подготуваат за славење во Лондон во петокот вечерта ова е среќен ден.

Ричард Инглиш, педесетгодишник, на Плоштадот на парламентот дошол со британското знаме и вели дека бил меѓу оние 52 отсто кои на референдумот гласаа за излегувањето од ЕУ.

„Немам ништо против ЕУ самата по себе. Едноставно верувам дека ЕУ е корумпирана и недемократска. Не можете да гласате за претседателите и слично, а законите се носат еднострано наспроти суверените нации“, изјавил Инглиш за германската новинска агенција DPA.

„.. Така што ќе се тргенеме од тоа и ќе ги носиме своите сопствени правила, ќе склучуваме наши сопствени договори за слободната трговија. Во суштина, ќе можеме да напредуваме. Тоа не го можевме 47 години, така што, да се надеваме“, ќе растеме како нација“, додава.

Маса луѓе се собраа на плоштадот во пресрет на славењето коешто ќе биде придружено со музија и говори на поборниците на брегзитот, вклучително и Најџел Фараж. Некои скандираат „Збогум, збогум ЕУ“ и „ИЗлегуваме“ и ја пејат британската химна. Други носат англиски, британски и американски знамиња, транспаренти и маици со пораки како „Брегзит – конечно слобода“ и „Напред СТО“ (Светската трговска организација – WTO).

Помалку задоволна е Силвија Запмерини, Италијанска која во Британија живее 26 години од своите 51 година. „Брегзитот е катастрофа. Многу Британци се сега расисти, хомофобни и нетолерантни“, смета.

На другата страна од Каналот, како што Ламанш го нарекуваат Британците, европратениците на партијата Брегзит на Фараж, во петокот претпладнето во поворка славенички последен пат го напуштија Европскиот парламент носејќи го британското знаме. Со звиците на гајдите и повици „Брегзит“ се качија на возот за Лондон каде што му се придружија на славењето.

Во британската престолнина попладнето на Вестминстерскиот мост се собраа и противниците на брегзитот, носејќи транспаренти „Остануваме и ќе се бодиме! Мигрантите внатре, конзервативците надвор“.

Во четвртокот во Брисел британската европарламентарка Магид Магид на плоштадот наспроти паралементот органзиирапе „нати-брегзит“ забава со свадбени декорации. Таму пред оваа пратеничка на Зелените, грѓаните на ЕУ можеа да „склучат брак“ со британските државјани.

„Има многу Британци кои сакаат да останат во Европа, па помисливне дека би можеле да им најдеме соодветни партнери“, рекла за агенцијата DPA.

Брегизитот е особено непопуларен во Северна Ирска и во Шкотрска, каде што мнозинството во јуни 2016-та гласа за останување во ЕУ. Челниците на ирската републиканска партија Шон Фејн поставија во петокот на гранциата меѓу Република Ирска, која е членка на ЕУ и Северна Ирска, која е покраина во Обединетото Кралство, плаката со пораката „Брегзит: борбата продолжува“.

„Не се согласивме со брегзитот. Време е за единство на Ирска, тоа е нашиот пат назад во Европа“, порача партијата Шин Фејн на Twitter со фотографија од протестот.

Во шкотската престолнина Единбург во петокот на велчерта се одржува настан со музика и светлосо шоу под мотото „Веќе ни недостига ЕУ“, а во последниот час пред брегзитот ќе се одржи „Времето за размислување со пеење на химната“. Шкотскта влада ги повика граѓаните да одржат бдение со свеќи барајќи од Брисел да го „остави вклучено светлото за Шкотска“.

И покрај славењето и бдеењето, до крајот на преодниот период на брегизтот 31-ви декември годинава, нема да се промени речиси ништо. За повеќето луѓе 31-ви јануари е дена како и секој друг. Ричард Велст, двоен британски и белгиски државјанин, дојде во четвртокто на настанот во бриселската „Гран Пале“, но не планира ништо посебно во врска со моментот на брегзитот.

„Ќе го минам мирно дома со неколку пијалаци. Веројатно шампањ, И таму ќе гледам како ќе се справуваат со збрката која ја направија“, рекол.