Посмртните останки на стотици Евреи ископани од масовна гробница во Белорусија

Белоруските војници ископале коски од стотици луѓе убиени во текот на Втората светска војна од масовна гробница откриена во некогашно гето во кое Евреите живееле под нацистичката окупација.

Гробницата е случајно откриена во јануари на градилиште на станбена зграда во центарот на Брест, недалеку од границата со Полска. Освен коските, војниците нашле и предмети, како кожени чевли кои не изгниле.

Дмитриј Камински, кој ја водел единицата која ги ископувала посмртните останки, рекол дека досега се ексхумирани 730 тела, како и дека не знае уште колку ќе има.

„Можно е да се под патото. Мораме да го отвориме асфалтираниот пат, Тогаш ќе знаеме“, рекол Камински. Додал дека на некои черепи имало дупки од куршуми, сугарирајќи дека жртвите биле погубени со истрел во тилот.

Белорусија, поранешна советска република, била окупирана од нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, и притоа нацистите убиле илјадници Евреи. Во Втората светска војна биле убиени 3 милиони Белоруси, од кои 800.000 биле Евреи.

На местото од оваа сега откриена масовна гробница бела дел од гето од декември до 1942 до октомври 1943 година, кое го воспоставиле нацистите за да ги сегрегираат Евреите, а понекогаш и припадниците на други малцинства. Градот Брест пред војната бил дел од Полска.

Коските се откриени кога градежните работници започнале со поставањето на темелите на станбена зграда. Локалните власти сакаат да ги погребаат посмртните останки на гробиштата на северот од градот.