Посна баклава со суви сливи

Состојки:

500 гр готови кори

500 гр суви сливи

300 гр мелени ореви

250 гр маргарин

750 гр шеќер

600 мл вода

Подготовка:

  1. Сувите сливи попарете ги во малку вода, затворете и оставете да отстојат. За тоа време стопете маргарин па премачкајте ја првата кора со две лажици стопен маргарин. Поклопете ја кората со друга, па и врз неа ставете маргарин.
  1. Процедете ги сливите, па дел распоредете по кората и ставете мелени ореви. Редете на следниот начин: кора –сливи-ораси-кора, со тоа што секоја кора ќе ја премачкате со маргарин се додека не ги потрошите сите состојки.
  1. Баклавата завршете ја со две кори и нив премачкајте ги одозгора. Исечете ја баклавата на коцки додека сеуште е жива па ставете да се пече.
  1. Додека баклавата се пече сварете шербет. Стопете 750 грама шеќер во 600 милилитри вода. Печената баклава додека уште е жешка залејте ја со шербет и оставете да се олади, а корите да се натопат со сирупот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.