Посно мени во Нетпрес: Туна во сос од домати и банана торта

Како и секој петок, и денеска во кујната на Нетпрес се готви посен ручек. Нашиот предлог за денеска е вкусна туна во сос од домати и одлична торта со банани.

Потребно:

4 парчиња туна,

4-5 лажици доматно пире,

брашно,

1 китка магданос,

4 чешниња лук,

масло,

бибер и сол

 

Подготовка:

 

Туната посолете ја, исперпелкајте ја во брашно и пржете ја во врело масло додека не добие црвеникава боја.

Подгответе го сосот од домати. Маслото во кое сте ја пржеле туната префрлете го во соодветен сад, ако е потребно додадете уште малку и во него пропржете го брашното, а откако ќе добие жолтеникава боја истурете го и пирето од домати. Сето тоа добро промешајте го заедно, додадете вода, па варете го сосот додека не згусне.

При крајот од варењето додадете ги ситно исечканите магдонос и лук и оставете да крчка уште 5 минути. Посолете по желба.

Испржената туна ставете ја во тенџере, полијте ја со сосот и тоа заедно динстајте го уште 10-тина минути.

А за десерт подгответе вкусна посна торта со банани.

Потребно:

1 л вода,

50 гр. кокос,

350 гр. шеќер, 4 пак. пудинг од ванила,

375 гр. маргарин,

1 кг. банани,

300 гр. кршени посни бисквити.

 

Подготовка:

100 гр. од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер за кафе (да биде во прав). Потоа се вари пудингот со вода во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.

Откако се излади се мати  со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите (најдобро да се остави преку ноќ). Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.