Посрамениот американски милијардер Епштејн изврши самоубиство

Џефри Епштејн, американскиот милијардер обвинет за сексуално насилство, подведување малолетнички на проституција и трговија со луѓе, извршил во петокот ноќта самоубиство во ќелијата на Менхетен, објавија во саботата неколку американски медиуми.

Времето и околностите на инцидентот засега не се објавени. Телевизијата ABC News, повикувајќи се на три различни извора, пренесува дека Епштејн упет на 23-ти јули се обидел да изврши самоубиство во затворот на Менхетен и тогаш бил прионајден како лежи „во полусвнесна состојба“. Бидејќи тогаш биле најдени повреди на неговиот врат, властите отвориле истрага за инцидентот кој го третирале како „можен обид за самоубист вот или напад“.

Неговото тело било пронајдено во саботата, изјавила Аџа Дејвис, порптаорлка на мртовечницата во Њујорк. Не можела да ја потврди причината за смртта, велејќи дека треба да се спроведе обдукција. Но уште еден добро упатен извор за агенцијата Reuters потврдил дека станува збор за самоубиство. Агенцијата не можела да добие изјава од адвокатот на Епштејн, Рејд Вејнгартен.

Апсењето на сега 66-годишниот Епштејн беше доведувано во поврзаност со настаните од 2007/2008 година кои ја возбудија американската јавност. Тогаш милијардерот беше овинет дека користел услуги на малолетни проститутки. Во 2008 година тој ја призна вината за подведување малолетнички за проституција, и мина во затвор околу 13 месеци.

Епштејн, уапсен на 6-ти јули, ги отфрли обвинувањата за трговија со десетици малолетнички во периодот од 2002 до 2005 година. Беше во затворот во Менхетен додека чекаше да биде решено по неговата жалба на одлуката на судијата кој не дозволи да биде во домашен притвор во лускузниот њујоршки кварт Апер Ист Сајд.

Според сведоците, во периодот од 2002 до 2005 година, имал сексуално односи со десетици девојчиња во неговите резиденции во Њујорк и на Флорида. Им плаќал со стотици долари во готовина, по што на некои од своите жртви им наложувал да подведуваат нови девојчиења. Според изјавите, некои од неговите жртви немале намолнети ниту 14 години. Епштејн не ја призна вината.

Сега беше обвинет за трговија со малолетни лица поради нивно сексуално експлоатирање и заговор со цел да бидат вклучени во таквата трговија. По првото обвинение му се закануваше затвор од четири години, а по второт до пет.

Во обвинението коешто Епштејн го отфрли на 8-ми јули, стои и дека поранешниот менаџер на “хеџ фондови“ договарал девојлите голи да изведуват „масажи“ и други сексуални услуги, и оти им плаќал на некои од девојчињата да регрутираат уште девојки. Епштејн претходно порача дека средбите со жртвите кои го обвинуваат биле со меѓусбен договор и оти верувал оти имале 18 години.

Во американските медиуми, меѓу другото, се истакнувапе дека Епштајн во минатото добро се познавал со актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, но и со поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, а според судските наиди и британскиот принц Ендрју.

Новите обвиненија доведоа до скандал и оставка на министерот за труд Алекс Акоста. Иемно, тој во 2008 година бил обвинилте кој бил ангажиран во случајот на Епштејн и му дозволил да постигне договор за признавање на вината со минимална казна од 13 месеци.