12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Постапено е професионално во третманот на Денис Тот, тврди министерот Сали

Министерот за здравство, Беким Сали вечерва истакна дека во третманот на сега починатиот ракометар Денис Тот, било постапено професионално, пренесе ТВ21.

Во однос на извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со приемот и реанимацијата на ракометарот Денис Тот на КАРИЛ, министерот информира дека здравствените институции постапиле професионално во третирањето.

-Во делот на судска медицина се уште чекаме извештај да ни стигне за да видиме дали се согласуваат, вели Сали.