Постапката за „Империја“ е веќе докажано злоупотребена и не може да продолжи

Јавноста вчера и денеска е насочена на првостепената судска пресуда за случајот „Рекет“, меѓутоа се дали изречената пресуда за мега-скандалот во кој се вмешани високорангирани личности во општеството, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство и сопственик на телевизија, ги даде одговорите на сите прашања кои ги отвори случајот.

Во прв ред, се поставува прашањето дали иницијалниот случај од којшто потекнало делото за кое Катица Јанева и Бојан Јовановски Боки 13 се осуден на повеќегодишни казни затвор, односно случајот „Имерија“ сега може да продолжи, откако низ процесот во случајот „Рекет“ се докажа дека е е залоупотребен за изнудување огромни суми од еден од осомничените.

А во октомври минатата година, кога веќе беше започнат процесот „Рекет“, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова и натаму да остане надлежна за предметот „Империја“.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, сега осудениот Бојан Јовановски, на едно од последните рочишта ја сппомена темата со предметот „Империја“, и рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков.

„Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја““, тврдеше Јовановски.

„Она што сите се прашуваме во случајов е каде се парите, каде е тој 1,5 милион евра што наводно ги дал Камчев“, додаде Јовановски.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во вчерашното издание на емисијата „Што не е јасно“ на телевизијата Алфа даде дел од одговорите на прашањето зошто јавноста е сомничава за брзото затворање на еден од најголемите коруптивни случаи во историјата на самостојната македонска држава. Особено што пресудата, барем во нејзината говорна интерпретација вчера во судот, остана недоречена за многу прашања, меѓу другото и основното – каде завршиле парите од поткупот.

„СЈО требаше да ги завршат предметите што им беа приоритет. Отворија дури и повеќе предмети и немаа дури капацитети да ги затворат. Прво матичниот, главниот – кој прислушувал, брука е да помине еден цел период, една нова Влада, ова почна уште кога беше Груевски на власт, пет години од аферата со прислушување и сите приказни од главниот предмет, да не е ни почнат“, рече професорот Калајџиев.

Според него, нескромните тактики на СЈО, односно, отворањето на нови предмети пред завршување или воопшто започнување на старите довело до пораз на сите фронтови кои ги отвориле. Практично, со отворањето на новите предмети СЈО го прекршува и рокот од Членот 22 од Специјалниот закон кој според него е се уште сериозно проблематично правно прашање.

„По истекот на тие први 18 месеци, во еден момент се решија на тој погрешен чекор да се направат ,,на тошо’’ за рокот од Членот 22 од Специјалниот закон кој уште е проблематичен бидејќи сега Владата се надева дека искочила попаметна од Врховниот суд и дека донела нов закон, го згаснала обвинителството и тој веќе нема да важи. Ако некои предмети требало по некој закон важечки да завршат и да бидат сопрени, а вие со сила ги продолжите отпосле, тоа е проблем. Исто како што ќе биде проблем, вие се сеќавате и СЈО кога беа, беа сериозен правен проблем и ќе бидат пред Стразбур- помилувањата“, рече Калајџиев.

Во таа смисла, случајот ,,Рекет’’ и донесената пресуда, како што оцени професорот, се доказ за злоупотреба на постапката и случајот „Империја’“, кој според сите правни и судски одредби не треба да продолжи. Ставот на Калајџиев по ова прашање произлегува од правна споредба при водењето на случаите во земјава со земјите кои како што вели имаат сигурен правен поредок и здраво судство.

„Сега СЈО повторно го отвори, пред две години, искочија со прес изназбореа – презумција на невиност – нула, изназбореа како краделе, што правеле.. Притвор, замрзнување… минаа две години, каде се? Каде е обвинението? И сега, финалето е со судска пресуда дека овој предмет искача дека е злоупотребен како што тврди и самиот Камчев. Дека е измислен, изваден од фиока за да му се земат пари“, рече Калајџиев.

Меѓутоа, дури и да не се работи за смислена злоуптреба на спомнатиот случај и бизнисменот, останува фактот дека е злоупотребена постапката, дека се барани пари и оти за тоа има пресуда. Според тоа овој предмет мора да биде затворен.

Според Калајџиев, во ваквите случаи се работи за калсична злоупотреба на правото. Јавноста, имено, со години наназад е сведок дека македонското правосудство изобилува со предмети коишто се водат со години а не може да почнат, поради недостиг од материјал или други причини. Професорот, притоа прави споредба со развиените земји каде што во вакви случаи се применува брзото судење, судење во разумен рок, и оти во повеќе западни држави, во САД и Европа потојат временски рокови во кои мора да биде подигнато обвинение или, во спротивно, тој случај се затвора.

Во овој пример на поврзаност меѓу процесот „Рекет“ и предметот „Империја“, згора на тоа има и злоупотреба, но допрва ќе се истражува предметот.

„Тоа е несигурно, правната сигурност покрај правдата и вистината се многу важни за еден правен поредок’’, заклучи професорот Калајџиев.

Инаку

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.