Постапки против четворица во Скопје за непочитување на полицискиот час​

Против четири лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не го почитувале важечкиот полициски час и за време на забраната определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот биле затекнати како се движат на различни локации. Притоа, не поседувале дозвола за движење, па биле запрени и легитимирани од полициски службеници.

Јавните обвинители за обвинетите му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност.​

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.