Поставена стапица за мачки во Совет на општина Битола

На влезот од Советот на Општина Битола е поставена стапица за мачки.

Како што објави ТВ21, стапицата е поставена по реакција на советниците кои тврдат дека инвентарот каде работеле бил уриниран од страна на мачки кои се шетале низ просториите.

Граѓаните на социјалните мрежи, пак, ги повикуваат градските власти наместо стапици за мачки, да постават стапица за глувци, да изградат стационар за бездомни животни и да се стерилизираат и вакцинираат бездомните животни.