Поставени куќички за бездомни кучиња низ Гази Баба

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека низ општина Гази Баба се поставени куќички за бездомни кучиња.

„Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба изработи и на повеќе локации низ општината постави куќички за бездомните кучиња.

Оваа акција ја спроведуваме на предлог на повеќе граѓани со цел хуман однос кон мирните бездомни кучиња.

Изминатиот период како општина во неколку наврати инициравме до ЈП Лајка организирање на акции за собирање на агресивните бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните.

Сите бездомни кучиња не се агресивни“, напиша Стефковски.