Поставени пет станици за поправка на велосипеди во Скопје

Град Скопје во соработка со Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа петте станици за поправка на велосипеди, На овие станици ќе им се овозможи на велосипедистите сами да извршат мали интервенции на своите велосипеди.

Станиците се опремени со рачна пумпа за гуми и неколу специфични алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипедите.

Локациите на сервисните станици се внимателно одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видеонадзор, со цел да се заштитат од намерно предизвикани штети.

Сервисните станици за велосипеди се поставени на овие 5 локации:

  1. БС Mакпетрол бул. Партизански одреди (кај раскрсницата со бул. 8-ми септември),
  2. БС Макпетрол кај транспортниот центар,
  3. БС Макпетрол на излезот на Скопје кај Автокоманда,
  4. БС Окта на бул. Србија и
  5. пред Инфо центарот на Град Скопје во Градскиот парк.

За првите корисници на станиците кои на социјалните мрежи ќе споделат фотографија со #ВозиПравоВозиЗдраво, Банката ќе обезбеди симболични подароци.