Постигна напредок во соработката со Иран, соопшти IAEA

Иран ја подобрил соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), сооппшти во петокот вршителот на должноста на оваа агенција на Обединетите нации, Корнел Ферута, додека се очекува Техеран да одговори на уште некои прашања, иако не сакаше да каже за кои точно се работи, а дипломати наведуваат дека сѐ уште е спорно откривањето траги од ураниум на неприфатлива локација.

IAEA, која го надгледува спроведувањето на иранскиот нукеларен договор со шесте светски сили од 2015 година, минатиот месец му порача на Техеран дека времето е клучно во решавањето на прашањата кои предизвикуваат загриженост.

Дипломати за агенцијата Reuters рекле дека Иран ја опструира агенцијата во врска со честичките ураниум пронајдени во примероци од околината замени, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од „тајно атомско засолниште“ во Техеран. Иран, пак, велио дека станува збор за постројка за чистење теписи.

Ферута, кој привремено е на чело на IAEA, откако во јули почина Јукијо Амано, извести во петокот дека е постигнат напредок во соработката со Иран. Напредокот е резултат на состаноците со високите ирански функционери последните седмици, додаде.

За новинарите рече и дека во моментов е во тек нов ангажман во врска со неговото барање до Иран кое го упатил во септември, но не сакаше да каже за што точно станува збор.

„Тоа е процес кој се одвива… Не можам да прејудицирам како тоа ќе заврши. Ангажманот не значио дека прашањата се потполно решени, туку дека тоа е чекор во вистинска насока“, рече Ферута.