Постигнат договор за буџетот на САД

Преговарачите во Конгресот на САД постигнаа договор за федералниот буџет, јавува АФП повикувајќи се на свои извори.

Ако буџетот биде одобрен од членовите на Конгресот тоа ќе значи избегнување на уште еден прекин во работата на јавната администрација, каков што се случи претходно годинава кога беше парализиран целиот Вашингтон.

Според информациите од изворите на АФП, договорот за буџетот за 2014 и 2015 година е постигнат со посредство на демократот од Сенатот Пати Мури и републиканецот од Претставничкиот дом  Пол Рајан во изминативе неколку недели зад затворени врати. Буџетот е проектиран на околу еден трилион евра, деталите ќе бидат откриени подоцна на прес конференција.